80 милионскиот Иран гласа- стари против млади, руралци против граѓани

од desk3
73 прегледи

По пет продолжувања на изборниот ден во петокот властите во Иран почнаа да бројот милиони гласачки ливчиња на првите избори по соборувањето на санкциите против земјата по договорот за меѓународна контрола над нуклеарната програма.

Гласањето беше за парламент и за влијателниот Совет од експерти на исламската република.

download

Десетици милиони излегоа пред гласачките кутии и според неофицијални податоци водат реформатори и умерено настроени кандидати. Според две новински агенции – “Фарс” и “Тансим” поврзани со долго доминантните конзервативни сили, предност имале нивни кандидати.

Ако реформистичкото водтсво се потврди од официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи, тоа ќе биде знак за оптимизам најмногу за иднината на младите Иранци, бидејќи во земјата 60% од 80-милионското население е на возраст под 30 години.

Учеството во гласањето беше масовно и на места се наметна потребата продолжување на изборниот ден со 6 часа, за да можат сите да гласаат .

Првите податоци може да се дознаат по денови и аналитичарите следат каков ќе е балансот помеѓу руралнара поддршка на конзервативните исламски партии околу високиот духовен лидер ајатолахот Али Хаменеи и реформаторите, влијателни во градовите и групирани околу претседателот Хасан Рухани.

download (1)

И двата табора успеаја да активираат многу од поддржувачите и од телевизиски репортажи се гледаше како изненадувачки вечерта по 20-21 часа пред секциите продолжуваше да има долги редици на луѓе кои чекаат да гласаат.

Допрва ќе се види дали ќе се промени составот на 290-те пратеници и 88-те членови на Советот на експерти. И двете институции се во рацете на екстремистичките средини и остро го критикуваа договорот со Западот, а некои пратеници дури го нарекоа министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф “национален предавник”.

Mideast-Iran-Election_Horo1

Совет на експерти може во својот мандат од 8 години да утврди кој ќе е наследникот на Хаменеи. Ајатолахот е на 76 години и е на власт од 1989 год. наваму.