9 – лица од Македонија имале тајни банкарски сметки во швајцарската ХСБЦ банка

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Вкупно 164 милиони долари на 15 сметки во швајцарската банка ХСБЦ чуваат 9 клинети кои се поврзуваат со Македонија, покажува истражувањето на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство.

Податоците до кои дошол тимот на новинари открива дека еден од деветте клиенти поседува македонски пасош или државјанство, додека останатите осум се поврзани со земјава.

– 9 клиенти се поврзани со Македонија, 11 проценти имаат македонски пасош или се со македонско државјанство.

Упатените коментираат дека останатите можат да бидат и странци кои што имаат инвестиции во земјава, па оттука ги влечат парите и ги трансферираат на швајцарските сметки.

54,6 милиони долари е најголемата сума на пари што ја поседува еден од клиентите што се поврзува со Македонија.

– Македонија е рангирана на 89 место меѓу земјите со најголема доларска сума во досијеата кои протекоа од Швајцарија. Максималната сума пари поврзана со клиент од Македонија изнесува 54, 6 милиони долари./24Вести