9 мали трикови со кои рестораните не тераат да трошиме повеќе

од desk3
83 прегледи

Честото јадење надвор може да биде сериозен товар за буџетот. Особено имајќи предвид дека рестораните користат мали психолошки трикови со кои не тераат да трошиме повеќе, пишува Business Insider. Еве и дел од најпопуларните стратегии:

1470735193-14103229210f6ht

 

1. Цените во менијата се испишуваат само со броеви, без да се означува конкретната валута. Испишувањето на “ден.” до цената веднаш потсетува на клиентите дека трошат пари. Ова, се разбира, е неповолна за гостите. Според истражување на Факултетот за хотелска администрација на Универзитетот “Корнъл” во САД, гостите на рестораните со менија без доларски знаци трошат значително повеќе.

2. Не се заокружува целосната сума. Неслучајно во многу од менијата јадењата се испишани со цени од 90,50. Докажано е дека оваа практика влијае психолошки и ја стимулира човековата предиспозиција кон потрошувачка. Истражувања покажуваат дека дури цени завршувајќи со “.95”, наместо со “.99” се поефикасни.

3. Храната се поврзува со семејството. Клиентите докажано се подготвени да купат храна, брендирана со имињата на роднини како “супа на мама”. Тие се радуваат повеќе да ги купуваат “бабаините свежо печени слатки” или “познатата компир салата на тетка”.

4. Етнички здруженија сугерираат дека храната е автентична. Според експерименталниот психолог во “Оксфорд” Чарлс Спенс етничкото и гео-тагирање на кујната како италијанска, шпанска, арпаска или друга , го насочува вниманието на човекот кон одредена карактеристика во јадењето како вкус и визуелни претстави, и така го пренасочува вниманието од други нешта како цената на пример.

5. Визуелно се нагласуваат различни елементи. Имињата на храната се испишани со задебелени букви. Јадењата се илустрирани со големи слики со светли бои. Рестораните од висока класа сепак ја избегнуваат оваа практика и вложуваат на потребните слики и натписи.

6. Достапни се многу скапи јадења, за да се продаваат во реалноста поевтините. “Основна улога на менито од 115 долари е составено само од три дела, е да се земе сè друго, предложено од локалот, да изгледа како релативна зделка”, коментира Вилијам Паундстоун пред списание New York.

7. Анализи на моделите за читање на луѓето. Корејско истражување покажува дека една третина од луѓето се со поголема веројатност да го нарачаат првото јадење во менито кое ќе го привлече нивното внимание. Ова јадење обично е наведено во горниот десен агол на менито, каде паѓаат прво очите на човекот.

8. Ограничување на изборот. Оптималниот број на работи во менито се смета за 6 предлози во категоријата за рестораните за брза храна и 7 до 10 за категорија во луксузните места за вечерен оброк.

9. Создавање на амбиент за трошење. Според психолошко истражување на Универзитетот на Лејсистер ставање на класична музика во рестораните не охрабрува вечерите да ги поминуваме повеќе време таму, бидејќи тоа не прави да се чувствуваме луксузно. Во меѓувреме помалку софистициран поп музика во заднина, ги тера луѓето да трошат 10% помалку за вечерите .