91-годишен десантџија од Големата Татковинска војна скокна со падобран во чест на 9 мај (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Павле Клетнев учествувал во борбите за соборување на блокадата на Ленинград,  и стигнал до Виена

99

91-годишен ветеран од Големата Татковинска војна од Казан скокна со падобран во чест на 71-годишнина од големата победа. Тоа е седмиот скок на Павле Клетнев,кој  учествувал во борбите за ослободување на Ленинград, јави  lifenews.ru.“Скокови сега се мојот живот. Пред скокање по команда: гледам во прозорчето, а земјата се оддалечува се повеќе, бидејќи авионот се крева се повисоко и повисоко. Потоа, додека леташ надолу, гледаш со очите како земјата се приближува “, раскажува ветеранот. И додава дека сега скока  заедно со млади луѓе – кадети или курсисти. “Не сум се подготвувал за овој скок. Сега техниката е многу сигурна, падобраните  и авионите – исто. Не се плашам. Ми останува  само да ви се насмевнувам. Скокам во чест на Денот на победата на Советскиот Сојуз над фашистичка Германија “, додава Павле Клетнев кој учествувал како диверзант во ослободувањето на Виена, Прага и Будимпешта.

https://youtu.be/cJZ3h-HaIpg