Луѓето сметаат дека полуостровот бил дел од Украина поради цик-цак на историјата, и тоа неправичен
Околу 96% од Русите сметаат дека Крим е дел од Русија, и како аналогни индикатори на јавното мислење се регистрирани и пред две години, соопшти извршниот директор на Рускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ) Валериј Фјодоров, пренесе РИА Новости.“Близу 96% смета дека Крим е дел од Русија и оваа група на никаков начин не е намалена во последните две години. Всушност, дури и пред соединувањето со Крим, во август 2013 година, кога ништо не предвестува за тоа, ние го поставивме прашањето: Што мислите? Крим е поблиску до Русија или не? Уште тогаш над половина Руси одговорија со: Да, тоа е всушност Русија “, рече Фјодоров пред Sputnik. ” 200 години Крим се наоѓа во составот на Русија, како и да се викала таа во тоа време – Руската империја, Советски Сојуз или Руска федерација. и тоа што тој (Крим) помалку од четвртина век се наоѓаше во составот на Украина, се согледува од Русија како чуден “цик-цак на историјата” и тоа неправеден “, истакна тој.
Коментирајќи резултатите од анкетата во Европа и САД каде една третина од населението го смета Крим за дел од Руската федерација, Фјородов истакна дека податоците говорат за постоечкиот притисок на политичката елита на мислењето на општеството на запад, додека луѓето се за скорешното завршување на руско-украинскиот конфликт. “Целиот овој руско- украински конфликт се модерирани вешто од елитата, како од западноевропскиот, така и од американскиот, но за Европската унија овој конфликт не е значаен. Луѓето во ЕУ сакаат тој побрзо да заврши. во овој случај, сепак, елитата во Унијата оди против струјата, против поттикнувањето на своите граѓани “, истакна Фјодоров.
Две години по влезот на Крим кон Русија масовно е распространето верувањето дека оваа одлука била правилна, покажува уште анкетата на ВЦИОМ. 79% од анкетираните Руси изразуваат позитивен однос кон Република Крим и градот Севастопол . Малку над 15% никогаш не размислувале за ова прашање. Пред две години 89% од испитаниците сметале дека Крим е дел од Русија. Денес овој процент скокна опипливо и веќе достигнува 96%. Околу 80% од испитаниците на анкетата се убедени дека пристапувањето на Крим е во корист и на самите жители на полуостровот, а само 3% се со крајно спротивната позиција. Масовно Русите веруваат дека западните земји ќе го признаат пристапувањето на Крим, а 92% од граѓаните на Русија се на мислење дека со своите постапки нивната татковина докажала дека може да ги брани своите интереси