Прво осомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште во судот, изајви дека има докази дека “Рекет” е направен за да се ослободи бизнисменот Орце Камчев.
„Дознав дека предметот „Империја“ се води една година однапред. Имам докази дека овој кривично-правен предмет „Рекет“ е направен за спас на Камчев, за рушење на СЈО, за рушење на Катица Јанева поради тоа што сметаше и на власта и на опозицијата. “, рече Боки 13.
Јовановски при сведочењето изјави дека жали што го познава Зоран Милевски Кичеец.
-Жалам што го познавам Кичеец, се запознав пред 15 години кога го отвори кафулето Ден и ноќ,.Бевме блиски, но веќе не сме, рече Боки.
Меѓувреме судијката Васка Николовска Масевска даде пауза бидејќи ѝ се влоши здравствената состојба на Катица Јанева.