Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји оцени дека во дијалогот меѓу Србија и Косово, потребно е да се постигне договор што е „взаемно прифатлив“ и кој „не претставува ризик за другите земји во регионот“.

„Размената на територии е во втор план, она што е основно е што имаме две страни на масата подготвени да разговараат и да дојдат до решение“, рече Вархеји, пренесува Танјуг.
„Од клучно значење е двете страни да се договорат за решение што е заемно прифатливо и што не претставува ризик за другите земји во регионот. Кога ќе дојдеме до таа точка, тогаш можеме да разгледаме различни елементи на решението“, рече Вардеи.
Комесарот за проширување додава дека очекува голем придонес од специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак во започнувањето на дијалогот Србија и Косово, како и во постигнување договор.
Во врска со изјавата на министерот за надворешни работи на ЕУ дека „ЕУ не може да биде поголем католик од папата“ кога станува збор за договорот меѓу Србија и Косово, од канцеларијата на Жосеп Борел за Танјуг изјавиле дека констатцијата дека високиот претставник со тоа поддржува размена на граници е новинарско толкување на „одговорот на Борел“.