Вработени во редарската служба на Град Скопје нападнати од лица кои незаконски истурале отпад (фото)

од Берта Китинска
298 прегледи

Денеска двајца вработени во редарската служба на Град Скопје биле нападнати додека ја извршуваа нивната службена должност. Нападот се случи кај Вардариште од страна на лица кои со возило незаконски истурале отпад.

-Од нападот едниот вработен се здоби со повреди пришто истиот е хоспитализиран во Градската болница, а дополнително оштетено е и службеното возило со кое патролирале.

Случајот е пријавен во полиција, заедно со фотографии од возилото и лицата кои незаконски депонираа отпад и го извршија физичкиот напад на службените лица, велат од Град Скопје.

Слични содржини