245
Здравствените работници се во првите редови во битката со Ковид 19 тие го заслужуваат целото внимание и благодарност. Нивната пожртвуваност во оваа борба е реална и во име на таа посветеност и благодарност на докторите и целиот персонал на Инфективната Клиника, Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје и вработените од брзата помош ќе добијат 20 проценти повисока плата за два месеци која ќе биде исплатена на домашната платежна картичка, изјави премиерот Спасовски на денешната прес конференција.