И во време на корона, најмногу се бараат работници во продажба и услужни дејности

од Берта Китинска
337 прегледи

Според огласите кои се објавени се бараат доставувачи, месари, комерцијалисти, работници за во маркети, фармацевти, курири…

Според огласите кои се објавени на социјалните мрежи и страните за вработување, се бараат доставувачи, месари, комерцијалисти, работници за во маркети, фармацевти, курири…

Во опис на еден од огласите се бара доставувач, во овој период кога онлајн продажбата е во пораст и се потребни вакови тип на работници. Во описот на огласот стои дека за работна позиција се бара: „Навремено доставување на пратките, љубезност спрема клиентите, останување прекувремени часови доколку е тоа потребно. Фирмата го нуди и следниот надомест за: курир со возило – 18.000 мкд; курир со велосипед (електро тротинет) – 20.000 мкд, курир – пешадинец 20.000 мкд, наградување со дополнителен месечен бонус, работното време е 40 часа неделно.

Во моментов евидентирани 4.842 слободни работни места во Агенцијата за вработување.

Директорката на агенцијата за вработување, Билјана Јовановска изјави дека повеќето компании имаат поднесено барање за помош со мерките, преки кои ги задржуваат работниците, но и бараат нови.

-Голем број на средни компании и социјални претпријатија склучија договор за субвенционирање  на плати, односно направија нови вработувања, преку новата мерка, во која наведено е дека треба да се задржат и веќе примените работници. Најголем дел од компаниите кои склучија вакви договори се од производството, услужните дејности и транспорт и врски. Воедно се користи и мерката за раст и развој во која не даваме субвенции за плати, туку помош за набавка на репроматеријали, изјавија недомана од Агенцијата за вработување.

Слични содржини