345
Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките, заради тоа што тие не биле почитувани од граѓаните, соопшти Министерството за здравство.
Сите досегашни мерки и предлози до Владата, велат оттаму, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.
– Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи д-р Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести, посочуваат во соопштението.