Случајот со масовниот собир на литијата во Струга се комплетира, меѓувреме се повикуваат и учесници на настанот на информативен разговор, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој изјави дека се вршат разговори со повеќе лица и штом биде комплетирана постапката ќе ја информира јавноста.
– СВР Охрид работи во координација со јавното обвинителство, се идентификуваат лицата, повикуваат, се поднесуваат кривични пријави и соодветни поднесоци во обвинителството. Се вршат и разговори со началникот на одделението за внатрешни работи во Струга и Охрид, со дежурните инспектори на терен и униформираните припадници на полицијата, вклучително и со одделот за неуниформирана полиција, така што, кога ќе биде комплетирана цела постапка, штом биде комплетирана постапката ќе ја информирам јавноста, “ изајви Чулев.