Од депонија до Јапонска градина – предлог проект на студенти од ФИНКИ за дел од Зајчев Рид

од Берта Китинска
745 прегледи

Група ентузијасти од ФИНКИ со креативна идеја за уредување на дел од Зајчев Рид. Предлагаат да се уреди првата Јапонска градина на Балканот.

Идејата до овој проект ја добиле откако во деновите на изолација направиле обиколка во тој предел на нашиот град и биле разочарани од ситуацијата таму.

“ Со оглед на целата ситуација, очајни за нови идеи како да го вратиме нашиот социјален живот, но на нов и поинаков начин, и ние како и останатите се свртевме кон природата, парковите и планините. Со оглед на мерките кои што се спроведуваат, идеите ни беа поограничени од она што навистина можат да бидат, па решението го баравме во околината на нашиот град. Токму така се роди приказната за проектот „Plant Twist“.

Plant twist е проект чија цел и идеја е да се спроведе чистење на депонијата која моментално се наоѓа на Зајчев рид и истата да се замени со Јапонска градина која ќе биде прва на Балканот. Линк до видеото https://www.instagram.com/p/CAqRdunnR-e/

-Секако, кога пристигнавме таму не бевме позитивно изненадени за жал… Но, и за среќа, бидејќи од тој момент ние како ТИМ имаме една многу заедничка и интересна цел.. Инспирирани од фактите за ѓубрето и депониите, а впрочем и сликата која не пречека на Зајчев Рид ( дива депонија, обрасната со висока трева што дури е тешко и да се воочи какви се отпадоци се кријат во неа) ја добивме идејата за изградба на Јапонска Градина на ова место. Сметаме дека ова место може да претставува „бели дробови” на град Скопје поради совршената локација.

Идејата во моментот се спроведува, а особено е актуелна на социјалните медиуми, како instagram и twitter каде што привлекува се поголемо и поголемо внимание од страна на заинтересираните.

За повеќе информации околу проектот следете ги на instagram. https://www.instagram.com/plant__twist/

Граѓаните на Европските метрополи веќе оддамна уживаат во предностите на Јапонската градина и при тоа имаат совршено место за релаксирање.

Студентите се надеваат дека ќе наидат на позитивен одговор од Општина Карпош под која спаѓа оваа локација. Наместо депонија – Урбана градина.

 

 

 

 

Слични содржини