Бабата на бебето кое почина во Швајцарија иако позитивна на Ковид-19 сакала да си замине од Инфективна

од Aleksandar Petrovski
225 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес конференција изјави дека бабата на десетмесечното бебе кое почина од компликации од инфекција од ковид-19, иако позитивна на коронавирусот на свое барање сакала да замине од Клиниката за инфективни болести, а дури по асистенција на Министерството за внатрешни работи соработувала за епидемиолошката анкета.

– Бабата сакаше да замине од болница, констатирано е дека може да биде на домашно лекување. Имавме и уште еден таков пациент, кој доби решение за домашно лекување. Бабата не сакаше да соработува, и со асистенција на МВР, направена е анкета и според нејзиното кажување, од нејзините контакти во близина, никој нема добиено решение за самоизолација, рече министерот Филипче.