Премиерот Оливер Спасовски во отворното студио на ТВ 24 говореше за начинот на кој би се одвивале изборите.
„Изборите треба да се одржат како што е пропишано во уставот и законите и уредбата се донесен за волја на партиите. 22 дена ни остануват од изборните дејствија. Датумот е 5 јули.“ – вели Спасовски.
Има и алтернативни мерки за организирање на изборите, односно како ќе оди промовирањето на програмата на партиите. Доколку не стивне новиот бран, премиерот рече дека ќе ја следат ситуацијата и врз основа на тоа ќе реагираат. Мицкоски изјави дека нема да оди на избори ако не стивне бројката.
„За нас е многу важно да имаме функционални институции. Сега не работи парламентот и немаме можност да носиме законски одлуки. Имаме недостаток од извршна контрола на парламентарната власт. Мислам дека сите политички партии ќе си направат сопствена анализа и ќе учествуваат на изборите. СДСМ не бега од било каква комуникација со опозицијата. Во секој момент комуникација може да има и да се разговара за сите взаемни интереси, официјални разговори нема.“ – рече Спасовски.
Спасовски смета дека е најдобро е имаме учество на опозицијата на изборите и секој од нив треба да знае да се штити интересот и здравјето на граѓаните. Истакна дека нема потреба од воведување на нова вонредна состојба.