266
Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат, информираат од Влада.
Соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка.
Корисниците ќе ја добијат домашната платежна картичка на домашна адреса или ќе можат да ја подигнат од банката издавач, без да аплицираат.
Наскоро на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач.