Гугл да плати 5 милијарди долари поради следење на милиони корисници

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Компанијата „Гугл“ беше тужена во вторникот во парнична постапка под обвинение за нелегално нарушување на приватноста на милиони корисници со следење на нивната употреба на интернет пребарувања дури и во приватен режим.

Обвинението, кое бара оштета од 5 милијарди долари од интернет гигантот, го обвинува „Гугл“ за нелегално собирање информации за тоа што луѓето пребаруваат и кои страници ги посетуваат преку разни апликации и алатки за страници, вклучително и Google Analytics и Google Add.

Иако повеќето корисници на „Гугл“ претпоставуваат дека нивната историја на пребарување не се следи додека сурфаат во приватен режим, компанијата вели дека тоа не е точно, но тврди дека тоа не е нелегално, пренесува „Ројтерс“. Приватниот или „инкогнито“ режимот во Google Chrome им овозможува на корисниците да пребаруваат на Интернет, така што нивната активност не е зачувана во историјатот или уредот од кој пребаруваат.

Меѓутоа страниците што ги посетуваат корисниците можат да користат алатки, како што е Google Analytics, за да го следат однесувањето на корисниците, пренесува РТС.

Во тужбата се наведува дека компанијата „не може да продолжи во ова тајно и неовластено собирање на податоци на секој Американец со компјутер или телефон“.

„Гугл“ сè уште не одговори на овие обвинувања.

Слични содржини