Лицемерие до бескрај. Еден ден “загрижен” претседател на партија, друг ден скриен “боемчија”. Кога е искрен Мицкоски? Пак ќе биде отсјај?, реагира заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Инспектори на Пазарниот инспекторат вечерва биле спречени да извршат надзор во затворени дел на угостителскиот објект “Винотека” на Боемска улица по што два ипол часа останале пред објектот.
Според информациите тоа било случај поради претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој седел во затворениот дел од угостителскиот објект додека инспекторите не можеле да влезат и да направат увид.
Според уредбата на Владата, рестораните можат да примаат гости само во отворените делови, односно терасите, но никако во внатрешните делови.
Според последните информации, припадници на Единицата за брзо распоредување – ЕБР, интервенираа во ресторанот на Боемска улица, бидејки се бришеле снимки од надзорните камери на кои се гледа дека угостителскиот објект работел во внатрешниот дел (спротивно на закон) а внатре бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.