Пауновски: Поднесена кривична пријава за ресторанот во кој беше затекнат Мицкоски

од Берта Китинска
263 прегледи

На инспекторите кои вчера биле во рутинска контрола во Дебар  Маало не им бил дозволен влез во внатрешниот дел од објектот и се посомневале дека станува збор за прекршување на владините мерки, по што била повикана и полицијата, изјави Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој појасни  дека на инспекторите повеќе од два часа не им било дозволен влез во внатрешниот дел на објектот и дека немал  дојава дека лидер на партија седел во затворен дел на ресторан

-Откако по два часа не им отвориле, бил повикан и раководителот. Било рутинска контрола, ниту знаеле, ниту имале намера, ниту очекувале дека ќе излезе она што отпосле испадна. Ресторанот извршувал угостителска дејност и во внатрешниот дел, за што инспекторите имаат и докази, денеска е поднесена кривична пријава според членовите 205 и 206 од Уредбата на нашата држава. Против физички лица не преземаме никакви санкции, изјави Пауновски.

Слични содржини