Во мај најмногу се трошело за храна и пијалоци

од Берта Китинска
308 прегледи

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека за месец мај на едно домаќинство му биле потребни над 33 илјади денари за редовни трошоци во домот.

супермаркет

Поточно 33.315 денари од кои најголем дел или 42,61 отсто отпаѓаат на храна и пијалоци.

Според пресметката во буџетот за месец мај на едно семејство му биле потребни 14.196 денари за храна и пијалоци, за домување 10.426,90 денари, за хигиена 2.325,66 денари, за превоз 2.447,11 денари, облека и обувки 2.144,66 денари, култура 1.066,79 денари и 707,69 денари за одржување на здравјето.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата во земјава изнесува 26 422,00 и се однесува на плата исплатена во март годинава.

Слични содржини