Градоначалникот Ганиу до Шилегов: Лага е дека општина Чаир го нема финансирано кружниот тек кај поликлиниката

од Nikola Popovski
157 прегледи

По повод денешната прес-конференција за медиумите на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за инаугурацијата на кружниот тек во близина на поликлиниката во Чаир, се огласи и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

„Градоначалникот Шилегов кажа дека Општина Чаир нема инвестирано воопшто за изградбата на овој кружен тек. Почитуван градоначалник на Град Скопје, ве потсетуваме дека Општина Чаир преку даноци и придонеси на граѓаните го има наполнето буџетот на институцијата која ја водите со вкупно 1.864.901,00 евра во 2018 година, со 2.533.409,00 евра во 2019 година и до мај во оваа година со околу 585.015,00 евра. Па така, каква е таа раскажана сторија од ваша страна денес дека Општина Чаир го нема финансирано овој проект, па дури и се чудите со нашиот искажан ентузијазам за кружниот тек во Чаир, кој проект иако беше предвиден да заврши со буџетот од првата година на вашето владеење, денес доаѓа задоцнет после три години па затоа дури и се чувствувате горди“, наведува Ганиу.

Тој го потсетува Шилегов дека и покрај нивните настојувања и барања за реализација на повеќе проекти, тој покажал дека е незаинтересиран, почнувајќи ги истите па потоа одолговлекувајќи ги, а овој факт највеќе зборува за нивниот концепт “Едно општество за сите” позади кој претендирале дека сте ангажирани.

„Пофалбата со овој проект кој ја опфаќа и Општината Бутел, покажува дека реализираните проекти во Чаир од ваша страна недостасуваат!
За крај и коректност, Ви сугерираме да го прочитате, Законот за Град Скопје за начинот на финансирање и финансиските извори, како и заедничкиот фонд на Градот Скопје и општините во рамките на Градот. И како илустрација на тоа за што зборуваме ние и дека таквите ваши изјави навистина се тенденциозни, во прилог на оваа пишана РЕАКЦИЈА ви ги праќаме и табелите за последните три години за префрлувањето на средствата од даноците и придонесите од страна на Општина Чаир во Буџетот на Град Скопје“, се вели во Фејсбук-постот на градоначалникот на Чаир.

Тој на крајот напомена дека остануваат посветени до крајот за тие 5 милиони евра на граѓаните на Чаир да се претворат во конкретни капитални инвестиции, бидејќи игнорираната нивна обврска не претставува причина за тие да бидат горди.

https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair/posts/2549373575391295?__tn__=K-R