Грците испратија одлучна порака: Ако турските бродови им пријдат на нашите острови, ЌЕ СЕ БРАНИМЕ!

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Грчкиот министер за развој и инвестиции, Адонис Георгијадис изјави денеска дека Грција ќе го брани својот суверенитет доколку турските бродови за истражување и експлоатација на нафта се приближат кон грчкиот брег.


„Загрижени сме и се подготвуваме“, рече Георгијадис за грчката телевизија „Скај“.

Тој додаде дека Турција се соочува со големи економски и политички проблеми и ги има сите причини да ги „извезе своите проблеми“.

– Ние сме мирна држава, сепак, ако некој го доведе во прашање нашиот суверенитет, имаме голем број на можни одговори – рече Георгијадис.