569
Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на тестот за коронавирусот.
„Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите“, истакна Георгиевски.
Георгиевски пред неколку дена имал проблеми со бубрезите, но вчера бил примен на Инфективна клиника. Таму му биле направени сите прегледи, а поради наодот од рентгенот на белите дробови е задржан на лекување.
Воедно му бил направен и тест за Ковид 19.