Еден од најуспешните модели од помладата генерација, Бела Хадид, денес прави милиони благодарение на нејзиниот изглед. Славната манекенка во нејзините тинејџерски денови изгледаше малку поинаку од денес и тврди дека промените на нејзиното лице се резултат на тоа дека „порасанала“, на што е тешко да се поверува. Таа негира дека претрпела козметички процедури, но фотографиите од пред неколку години и оние од неодамнешен датум покажуваат дека сигурно имала операција на носот.
На фотографијата на која е во друштво на нејзината мајка Јоланда и нејзиниот тогашен сопруг Дејвид Фостер, Бела има 14 години и може да се види дека во тоа време имала потенки усни и различен нос. Експертите за козметичка хирургија велат дека, покрај операцијата на носот, Бела користела и ботокс за да ги подигне веѓите и дека го користела на образите за да ги направи поизразени и издолжени. Токму заради сите овие карактеристики на нејзиното лице, научниците минатата година и ја доделија на Бела титулата најубава жена на светот, токму поради нејзините карактеристики на лицето.
Дури и нејзината мајка, Јоланда ја бранеше и во своите интервјуа истакна дека нејзините ќерки не користеле ниту ботокс, ниту филери, бидејќи тие знаат дека таа ги користела и имала проблеми и затоа нејзините ќерки се противници на ботоксот.
Објаснувајќи зошто ја избрале Бела за најубава жена, научниците рекоа дека таа има совршени одлики на лицето и нивната пресметка покажала дека има совршени пропорции.