Со оглед на релативно малиот број на случаи на коронавирус – 3,148 и 185 смртни случаи, Грција им дозволи на компаниите повторно да работат, да патуваат, а од понеделник и на борделите да започнат со работа, но според строги правила, пренесува „Телеграф“.

Посетите се ограничени на 15 минути по клиент и се препорачува и сексуалната работничка и клиентот да носат маски, објави Си-ен-ен.
Вратите и прозорците треба да бидат отворени за да се овозможи влез на свеж воздух, плаќање само со картичка, а не со готовина.
Борделите треба да ги чуваат списоците со клиенти со имиња и телефонски броеви во затворен плик четири недели, во случај надлежните органи да мораат да ги пронајдат заразените.