Лукаревска: Ако не го направев тестот, немаше да знам дека сум позитивна

од Vladimir Zorba
193 прегледи

„Можам да кажам дека шокирачки е да примиш вест дека си позитивен на корона вирусот, иако навистина не очекував такво нешто. Кога отидов да се тестирам, бев толку многу релаксирана од исходот од тестот, но тоа е, што е. Немав никакви симптоми во текот на целиот период на лекувањето. Дури со дел од здравствените работници со кои разговарав ми кажаа дека сум слаб преносител на вирусот. Сите мои колеги и пријатели кои беа ставени на анкетата од моја страна, се тестираа и сите се негативни. Меѓутоа, најголемиот шок за мене првично беше тоа што се загрижив за моите родители кои се во онаа критична возраст за овој вирус и прво што ми падна на памет е како нив ќе им ја соопштам веста и како заеднички ќе се справуваме со тоа, меѓутоа со храбри одлуки, секогаш има и позитивни резултати. Немав некоја посебна терапија освен да пијам многу витамини и тоа го правам до ден денес. Континуирано мерев температура и следев дали се случува нешто со мене“, вели во интервју за МИА директорката на УЈП,Сања Лукаревска.

„Сакам само да упатам апел до граѓаните дека навистина вирусот постои и да ги почитуваме сите протоколи и насоки што ни ги дава Министерството за здравство кое дава се од себе за да се справи со вирусот. Има многу асимптоматски случаи кои претставуваат своевиден ризик во контактите со други луѓе. Јас, ако не го направев тестот, немаше да знам дека сум позитивна. Има многу такви случаи и максимално граѓаните треба да се грижат за себеси, за сопственото здравје и за здравјето на другите. Многупати досега кажав дека оние што ги почитуваат мерките се во многу понезавидна позиција од оние кои „ноншалатно“ се однесуваат во ова време-невреме. Треба да сфатиме дека вирусот постои и дека може да направи потреси во самото фамилијарно функционирање. Пред се, јас зборувам од мое лично искуство. Добро е што се се надмина и им посакувам на сите кои се позитивни што побрзо да го пребродат сето тоа“, посочува таа.

Слични содржини