Во морето кај плажата Копакабана во Дубровник вчера се појавила ајкула, пренесуваат тамошните медиуми.

Порталот што ја објави снимката од морето од кое се гледа перка, наведува дека тоа е веројатно мала сина ајкула, вид што ретко ги напаѓа луѓето.
Полицијата пристигнала на плажата и ги повикала сите да излезат од морето.