Поповски: Од 10 на 15 часа е зголемен просторот за политичко рекламирање во медиумите

од Берта Китинска
306 прегледи

На прашањето зошто преку ноќ Владата донесе Уредба во која се наведува дека се преполовени парите за реклами во медиумите за изборите кое е утврдено во изборниот законик министерот без ресор задолжен за комуникации Роберт Поповски изјави дека Владата е во тешка вонредна ситуација и неопходни се фер и демократски избори.

-Пандемијата во целост го смени начинот на живот во светот. Македонија се наоѓа во уште покомплицирана состојба од останатите земји, бидејќи е без функционален парламент, па се најдовме во ситуација кога техничката влада која требаше да ги организира изборите, ја водеше државата. Владата се наоѓа  во тешка ситуација затоа се неопходни фер и демократски избори. Тоа што беше вчера донесено за де нема нејаснотии од ДИК, Владата ги додефинира одредбите. Зголемено е времето од 10 на 15 часа што е подобрување на финансиската состојба на медиумите.По оваа одлука ќе нема дилеми за тоа кој ќе може да закупи простор во медиумите, изјави Поповски .

Согласно со член 76-д од Изборниот законик измените и дополнувањата на Уредбата ги утврдува и правилата за распределба на рекламниот простор на интернет-порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од буџетот, согласно со член 76-д од Изборниот законик.

Слични содржини