224
На денешната седница Кризниот штаб го одобри предлогот за отворање на границите без ограничувања.
Според наши информации предлогот на Кризниот штаб ќе биде доставен до Владата, по што таа ќе одлучи дали ќе го усвои.Со отворањето на границите ќе се укине обврската за доствување на негативен Пи-Си-Ар тест при влез во земјава
„Анализата покажува дека целиот регион е во ист епидемиолошки ризик.. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите. Има и други опции, на пример потпишување документи за следење, што на почетокот на кризата се практикуваше во авион“, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.