По грешка наместо едно нарaчал 27 возила „Тесла Модел 3“, па добил сметка од 1,4 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Купувањето преку Интернет можеше скапо да чини Германец, кој сонуваше да стане сопственик на електричен автомобил „Тесла“, но поради информатичка грешка во програмата на порталот на производителот, наместо едно тој нареди дури 27 возила „Тесла Модел 3“.

Кога конечно го одбрал семејниот автомобил Тесла поради грешка во програмата, клиентот добивал порака секој пат дека набавката не е направена и така 27 пати, па наместо 52.000 евра за едно парче тој ја потврдил набавката на 27 парчиња во вкупната цена од 1,4 милиони евра.

Уште полошо, несреќниот Германец не можеше да ја откаже нарачката затоа што во тој случај ќе мораше да плати 2600 евра.

За среќа, вработените во „Тесла“ покажале разбирање, раскажал синот на клиентот на социјалната мрежа „Редит“.

Се испостави дека и други клиенти, исто така, доживеале непријатности тој ден, па беше поништена нарачката на останатите 26 автомобили, пишува порталот Ouest-France.

Слични содржини