Белград: Влез во ноќен бар или клуб само со маска

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Влезот во кој било затворен објект во Белград, дури и во барови и клубови, нема да биде дозволен без заштитни маски, објави Владата на Србија.


Премиерот Ана Брнабиќ ги известила сопствениците на ноќните барови и клубовите во Белград за оваа нова мерка.

„Владата на Република Србија и угостителите ќе продолжат да работат заедно за изнаоѓање на решение за функционирање на угостителските објекти во иднина, за да не биде загрозена безбедноста и здравјето на сите посетители на објектите“, се наведува во соопштението.

Како што беше споменато, договорен е бескомпромисен став дека здравјето на граѓаните има апсолутен приоритет и дека мора да се почитуваат сите преземени мерки за заштита на здравјето на луѓето.

Да потсетиме, Кризниот штаб на земјата донесе одлука денес дека од утре на подрачјето на градот Белград, од шест часот наутро, ќе биде задолжително носење маски на сите затворени места, а не само во транспортот.