Над пет илјади скопјани може да добијат субвенции на инвертери

од Берта Китинска
306 прегледи

Град Скопје денеска го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди.

– Согласно со условите на овој јавен повик се отвора можноста за над 5.000 граѓани на Скопје да им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ. Сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот имаат право да учествуваат на повикот. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата – изјави Салиху.

Слични содржини