Колев од ГДУ со изјава на нотар се откажа од пратеничките бенефиции, патни трошоци и сите примања над минималниот износ за плата

од Берта Китинска
367 прегледи

Граѓанско демократската унија на овие избори, согласно анкетите има шанса да добие двајца пратеници во Изборната единица 3, посочи на денешната прес-конференција лидерот на ГДУ, Петар Колев. Тој и вториот на листата денеска дале изјава на нотар, со којашто како што рече да предзвикаат промена во општеството преку нивниот личен пример.

-Во изјавата на нотар, изјавуваме дека сите наши приходи во формата на дневници и на плати, коишто надминуваат 14.500 денари, како износ ќе ги донираме за добротворни цели. Со тие средства ќе ги помагаме успешните спортисти, успешните ученици и младите. Луѓето и децата со посебни потреби, како и социјалните случаеви во нашето општество, вели Колев.

Забележа дека оваа одлука ја донеле, бидејќи лицемерно е од страна на политичарите да зборуваат дека граѓаните можат да живеат со 14.500 денари, а истовремено како политичари да ги користат сите бенефиции, привилегии и плати од илјадници евра. Затоа, како што рече тие се подготвени и знаат што ќе прават, а што се однесува за патните трошоци, се откажуваат, но доколку не им дава таква можност законот за да останат во буџетот на Собранието, во тој случај тие средства од патните трошоци повторно ќе ги донираат.

-Нашата цел е јасна и конкретна, да почнеме процес, да предизвикаме процес на промена во нашето општество, преку личен пример, вели Колев.

Членовите на партијата ГДУ, како и кандидатите за пратеници, кои се на листата во ИЕ3 денеска се во посета на штипско-карбинскиот регион, каде што ќе остварат средби со граѓаните и ќе ја презентираат својата програма.

Слични содржини