Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

од Берта Китинска
485 прегледи

Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, информираше министерот Венко Филипче.

,,Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство. За најмалку 15% го зголемивме кадарот во секоја здравствена установа. Во изминатите три години, во Општата болница реализиравме повеќе од 40 вработувања. Со вистински здравствени мерки продолжуваме и во следниот период. Младите здравствени работници се иднината во јавното здравство“, напиша Филипче.

Слични содржини