Втор најлош ден во Србија од почетокот на епидемијата: 11 пациенти починале, 118 на респиратор

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Во Србија до 15 часот на 7 јули 2020 година, регистрирани се уште 357 потврдени случаи на КОВИД 19, објави „Телеграф“.

Уште 11 пациенти починале, така што вкупниот број на жртви се искачи на 341.

На респираторите има 118 пациенти.

Досега се регистрирани вкупно 17.076 заболени лица.

Уште 8.600 лица биле тестирани во последните 24 часа.

Како што рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ова е втор најлош ден во Србија во однос на бројот на новозаразени.