Грција денес продолжи да ги олеснува воведените рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Клиентите во трговските центри веќе не се должни да носат заштитни маски, додека вработените сè уште се должни да ги носат, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Беше повлечена и претходната одлука да се дозволат до шест клиенти само на една маса во барови и ресторани.
Одлуката беше објавена денес во билтенот на Владата.