Претседателот на Косово, Хашим Тачи, најави дека ќе отпатува за Хаг во понеделник на покана на Специјалното обвинителство.

Тачи на својот профил на Фејсбук објави дека ќе разговара со судските обвинители во Хаг, непосредно откако Специјалното обвинителство објави дека против него поднело обвинение за воени злосторства.
Тој ги повика граѓаните „да му се придружат на него и неговите другари во соочувањето со предизвиците со кои се соочува државата“, тврдејќи дека тој и другите поканети во Хаг „се соочуваат со достоинство и интегритет со меѓународната правда“.
– Граѓанското единство, меѓуетнички соживот, институционална стабилност и доверба во институциите се од суштинско значење за Косово да ја реализира својата визија за членство во НАТО, Европската унија и одржување на вечно пријателство со САД – напиша Тачи.