Јас едно зборувам, тие друго спинуваат, напиша на својот Фејбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборната единица 4, Александар Николоски, по објавата на новата аудио снимка во која разговара со Миле Јанакиески за зградите на Усеини во Охрид.
„Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа. Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност. Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш – дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?“, пишува Николоски.