На Јутјуб денеска повторно се појавија нови аудио снимки на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Гласот на соговорникот е мутиран, но веројатно повторно се работи за Александар Верушевски бидејќи се слуша дека разговорот е во угостителски објект.
Првиот разговор според насловот на видеото алудира на договор на Заев со Сашо Мијаков. Во разговорот се споменува името Сашо, но не се споменува презиме.
Ова е транскриптот од тој разговор:
Дисторзиран глас: Значи Сашо е спремен за договор. Сашо.
Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…
Дисторзиран глас: Еве, јас ако ти ветам дека ќе…м?
Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.
Дисторзиран глас: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до Општина Струмица, од која институција, од кои сектори?
Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во Општина Струмица.
Дисторзиран глас: Дека ги прекинуваат сите постапки…
Заев: …на контрола
Дисторзиран глас: На контрола. На контрола врз Општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.
Заев: Сѐ е регуларно, сѐ е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлечат сѐ…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено, океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат сѐ со решение.
Дистрозиран глас: Добро.
Во вториот разговор, се зборува за Шилегов.
Транскриптот од втората аудиоснимка:
Заев: Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи по власта. Не знам во политиката што повеќе да очекувам.
Дисторзиран глас: Шилегов?
Заев: Маваше.
Дисторзиран глас: Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.
Заев: Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.