Вучиќ и Хоти се согласија за нормализација и договор

од Stefanija Kuzmanovska
101 прегледи

„Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е незаменлива за безбедноста и стабилноста на регионот и е од големо значење за перспективата на пристапувањето на двете земји во ЕУ“, порачаа францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во заедничкао соопштение по самитот Белград-Приштина. Нормализацијата на односите подразбира потпишување на „конечен правно обврзувачки договор“ и „мерки за градење доверба“ меѓу двете страни, пренесува „Косев“.

По одделните огласувања од српскиот претседател и косовскиот премиер, организаторите на денешниот настан, како трета страна, го дадоа својот коментар.

Потсетувајќи дека дијалогот беше прекинат во ноември 2018 година, во соопштението за медиуми пренесено од амбасадите на овие земји, се наведува дека Вучиќ и Хоти се согласиле да го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ, со цел „нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, постигнувајќи конечен правно обврзувачки договор“.

Вучиќ и Хоти ќе ја „продлабочат“ соработката преку „многу области предложени во Берлинскиот процес“, со „подеднакво важни мерки за градење доверба меѓу двете страни“.

Макрон и Меркел ги охрабруваат Вучиќ и Хоти да „направат значителен напредок во наредните месеци“, а францускиот претседател и германската канцеларка „ќе останат ангажирани за ова прашање“, со поддршка на ЕУ.