Бездомник влегол во фризерски салон да замоли за кафе или чај, кога излегол никој не го препознал (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
342 прегледи

Анил Какмак е познат фризер и Јутјубер од Турција. Во ова видео тој покажа како го средил Хари, бездомник од соседството што го познава веќе некое време.

Хари понекогаш застанува покрај салонот и прашува дали може да добие шолја кафе или чај. Овој пат, тој добил не само кафе или чај, туку и бесплатна фризура и бричење на брадата, пишува „Магазин“.

Тоа итно му било потребно затоа што брадата му била веќе преголема, а косата целата бушава.

Погледнете колку Анил му го сменил изгледот за помалку од половина час. После фризурата тој изгледал како вистински господин! пишува „Магазин“.

 

Слични содржини