Тачи го напушти обвинителството без коментар, сослушувањето продолжува утре

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска го заврши вториот ден од распитот во Обвинителството на Специјалниот суд во Хаг, а неговото сослушување ќе продолжи утре.

Некои приштински медиуми јавуваат дека Тачи денес бил во судската зграда цели шест часа и дека веднаш заминал со автомобил без да се обрати до печатот.

Сослушувањето ќе продолжи утре, во 1 часот попладне.

Минатиот месец беше откриено дека обвинение за воени злосторства во Косово е напишано против Тачи во април и дека тоа го потврдува судија на претходна постапка.