Епидемиологот Предраг Кон изјави денес дека нема докази дека коронавирусот од Србија е поагресивен, како што тврдат италијански официјални лица, но тој исто така вели дека сега на сите им е јасно дека сме во сериозна состојба која е неповолна, со тенденција да прејде во вонредна состојба.

Кон исто така потсети на ТВ Пинк дека претходно изјавувале дека вирусот што доаѓа од Италија, особено Ломбардија и Швајцарија, е поагресивен.
„Не е виролошки докажано. Секој може да го изнесе својот впечаток, не би коментирал за ништо друго. Веројатно тоа го доживуваат на тој начин, треба да запомниме уште на самиот почеток дека и ние зборувавме многу слично“, рече Кон во врска со тврдењето од Италија дека видот на српскиот вирус е поагресивен и позаразен од оној од Италија и дека нивните резултати покажале дека постои една мутација, за која тие не знаат.
На прашањето дали едно лице може да биде заразено со вирусот двапати, Кон рече дека се споменати одредени случаи на повторување кај оние, кои веќе се разболеле.
„Но, ако некој рече дека станува збор за општ феномен, тоа е првенствено пишување на медиумите и она што се чини како впечаток. Да се претвори индивидуален случај во нешто што е случај кај мнозинството, едноставно не е точно“, изјави Кон.
Тој напомена дека повеќето од нас имаат долгорочен имунитет, а засега позицијата на Светската здравствена организација е дека овој имунитет се очекува да трае помеѓу 12 и 18 месеци.