Градоначалникот на Прешево, Шчиприм Арифи, соопшти денеска дека делегацијата на албанските партии во Белград на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, поднеле барање за добивање на позицијата министер за локална самоуправа, помошник министер за економија, државен секретар во Министерството за образование и претседател на Координативното тело на Владата на Србија за општините Прешево, Бујановац и Медвеџа.

Арифи на Фејсбук напиша дека заедничката листа на изборите на 21 јуни, „Албанска демократска алтернативна Обединета долина“, денес имала консултации со Вучиќ за формирање на новата влада на Србија и вклучување на Албанците во неа.
„Денес, му ставивме до знаење на претседателот Вучиќ за ставот на Албанците во Прешевската долина. Овој пат поинаку. Ако тој сака да му покаже на светот колку се европски како народ, сега е време да го докажеме тоа. Нема повеќе зборови. За нас Албанците да станат дел од владата, ги бараме следниве услови: 1. Министер за локална самоуправа, 2. Помошник министер за економија: 3. Државен секретар во Министерството за образование, 4. Претседател на Координативното тело. Чекаме одговор! “, напиша Арифи.
Коалицијата „Албанска демократска алтернативна Обединета долина“ напиша во писмото до Претседателот на Србија дека е заинтересирана за интеграција на Албанците во српските државни институции, решавање на проблеми во образованието, економски развој на регионот, судски прашања и целосна интеграција на Албанците во координативното тело на српската влада за општините Прешево, Бујановац и Медвеџа.