Го барал со потерница, уапсено 19- годишно момче на аеродромот во Скопје

од Берта Китинска
268 прегледи

На аеродромот во Скопје вчера било уапсено 19- годишно момче.

„На 15.07.2020 во 13.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во РМ, по извршена проверка на Б.Д.(19) од село Бојане, скопско, било констатирано дека во оперативната евиденција се наоѓал на листата со мерка „апси“ од Одделението за потраги“ соопштува полицијата.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

Слични содржини