Анкета: Само околу 30 отсто од Американците му веруваат на Трамп за Ковид-19

од Aleksandar Petrovski
136 прегледи

Според најновото истраживање на Универзитетот Кинипијак од Конектикат приближно 30 проценти од гласачите регистрирани во САД веруваат на информациите на претседателот Доналд Трамп за епидемијата со Ковид-19.

Тоа значи дека 67 проценти од гласачите не му веруваат на Трамп за новиот коронавирус.

Всушност само еден од тројца анкетирани изјавиле дека Трамп е искрен и ја зборува вистината.

Си-Ен-Ен објави дека е невообичаено голем број на приврзаници на Трамп да не му веруваат на претседателот.

Резултатите од анкетата на Универзитетот Кинипијак покажуваат и дека 65 проценти од регистрираните гласачи „веруваат на информациите на (главниот епидемиолог и советник на админситрацијата) Ентони Фаучи за Ковид-19.

Слични содржини