Завршена велопатеката на улица Свети Кирил и Методиј

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Деновиве заврши изградбата на новата велосипедска патека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ и со тоа Големиот Ринг во Скопје е целосно поврзан и заокружен за велосипедистите, соопштија од Градот.

Новата велосипедска патека е поставена на коловозот за сметка на стеснетите коловозни ленти, односно постојните три коловозни ленти се стеснуваат од 3,5 на 3 метри.

Стеснувањето на коловозните ленти ќе придонесе за намалување на бризината со која се движат моторните возила, а со тоа се зголемува безбедноста за сите учесници во сообраќајот.