Европската комисија одобри, на иницијатива на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, неповратни средства во висина од 16 милиони евра за финансирање на проекти во водниот сообраќај.

Средствата беа одобрени преку Connecting Europe Facility Fond, а вкупната сума на грантот од 16 милиони евра покрива 40 проценти од вкупната вредност на проектите, додека преостанатите средства веќе се обезбедени од кредитот на ЕИБ и српскиот буџет.
Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура ја поднесе оваа апликација заедно со Министерството за климатски промени, заштита на животната средина, енергија, иновативна мобилност и технологија на Австрија, се додава во соопштението.