Бачев: Нашиот назив на коалицијата е тргнат од гласачкото ливче по реакција на грчката амбасада

од Nikola Popovski
369 прегледи

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев  се сомнева во изборна манипулација со гласовите на нивната коалиција за што поднесе приговор до ДИК, со кој бара увид во над 24 илјади гласачки ливчиња што се водат како неважечки, а според него, требало да бидат гласови на коалицијата.

Тој поднесе уште еден приговор и бара одговорност зошто името на нивната коалиција „Никогаш Северна – само Македонија“ било тргнато од гласачките ливчиња и наместо тоа, останал само редниот број 11.

„На овие избори останавме безимени. Во последен момент името на коалицијата беше тргнато од гласачкото ливче. Граѓаните беа збунети, но и ние, кога видовме дека стои само редниот број 11 и празно место. 20 дена водевме кампања под овој назив и бевме прифатени од страна на ДИК и заведени со ова име. Затоа, денес поднесовме приговор по основ на изборна измама и повреда на избирачкото право на подносителот на листата. Немаме потврдено, но колку што разбравме, реакцијата дошла од страна на грчката амбасада, која извршила притисок кај власта и ние останавме безимени. Срамно и штетно е ова што ни го направија“, вели Бачев.

Слични содржини