Американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи траењето на „црниот список“ за Западен Балкан.

Меѓу другите е и членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, осудените воени злосторници пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во Хаг, Радован Караџиќ и Момчило Крајишник, Билјана Плавшиќ, претседателот на српската радикална партија, Воислав Шешељ, ќерката на осудениот во Хаг, Радован Караџиќ – Соња Караџиќ како и на членовите на Партијата на Демократска акција БиХ Бакир Алиспахиќ и Хасан Ченгиќ, пишува Радио Слободна Европа.
Трамп исто така ја прошири таканаречената „национална вонредна состојба“ во однос на земјите од Западен Балкан, а таа одлука е донесена за време на претседателот Џорџ В. Буш во 2001 година.
Како што е наведено во решението потпишано од Трамп, времетраењето на националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан е продолжена за уште една година.